Македонија 07. мај 2020. / 13:51

Кој му го „украде“ ВМРО на Каракачанов?

Кој му го „украде“ ВМРО на Каракачанов?

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, токму на денот на бугарската армија-6 април или Ѓурѓовден, со многу жолч, отворена омраза и непотребни квалификации нападна неколку македонски историчари, но, пред се, поранешниот премиер Никола Груевски.

Каракачанов преку свој пост на неговиот ФБ профил го повика Груевски на историски дуел и изрази подготвеност за тоа да отпатува дури до Будимпешта.

На страна неговите квалификации за сите споменати, но изненадува неговото елементарно непознавање на историските факти на македонската политичка сцена, иако сиот свој живот е присутен тука, на овие македонски простори.

Меѓу другото, Каракачанов го обвини Груевски дека му го украл ВМРО!

Но, притоа не дава никакви објаснувања на кое ВМРО мисли. На историското, на ВМРО (Обединета), на ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-НП или на други политички партии во Македонија со истиот предзнак.

Ако мисли, според логиката дека Груевски бил лидер на ВМРО-ДПМНЕ, токму на таа најголема опозициска партија во Македонија, тогаш ја утнал адресата. Груевски не му ја „украл“ ВМРО, зашто партијата е основана многу пред тој да стане и член и претседател. Оснивачи на ВМРО-ДПМНЕ се сосема други личности, а меѓу нив и прв нејзин претседател беше Љупчо Георгиевски, кој сега е лидер на ВМРО-Народна партија. А, зошто Георгиевски не му ја украл ВМРО на Каракачанов, туку Груевски, веројатно само тој самиот знае, а и милион други покрај него, кои директно се вмешуваат во предизборието.