Македонија 31. октомври 2020. / 19:41

Кој го натера директорот Гогов да ја повлече молбата за донација?

Кој го натера директорот Гогов да ја повлече молбата за донација?

Директорот на Струмичката болница Наќе Гогов денеска објави дека болницата има потреба од ново болничко возило, по што побара донации за набавка на истото.

Но, предмалку Гогов објавата ја избриша од социјалната мреже Фејсбук, дали поради притисоци или се премисли нема објаснување.

Само да потсетиме дека Гогов денеска објави дека “ЈЗУ Општа болница-Струмица” имаме потреба од ново болничко возило кое ќе биде од голема корист за сите граѓани од Струмица и струмичкиот регион. Да се организираме и да си помогнеме самите. Ве замолувам сите кои сте во можност и сакате да донирате од срце , каде сумата ќе биде по ваша желба да донирате, меѓу другото напиша Гогов на ФБ.