Македонија 25. јуни 2020. / 16:51

Кои се функционерите за кои Бoки 13 пријави дека се вмешани во криминал?!

Кои се функционерите за кои Бoки 13 пријави дека се вмешани во криминал?!

Бојан Јовановски поднесе кривични пријави за функционери за злоупотреба на службена положба и овластување, изнуда, измама, давање на лажен исказ, можеби тортура и несовесно лекување.

Неговиот адвокат Сашо Дукоски истакна дека Јовановски го користи законското право од Член 273 од Законот за Кривична постапка и каде што е набележано дека секој граѓанин може да поднесе кривична пријава за кривично дело што се гони по службена должност.

Кривичните пријави ќе бидат поднесени најмалку за неколку кривични дела и тоа пред се за злоупотреба на службена положба и овластување , изнуда, измама, давање на лажен исказ, можеби тортура, несовесно лекување, потенцираше Дукоски Ние баравме досега неколку пати да поднесеме кривична пријава кај републичкиот обвинител, сега поднесовме барање во ОЈО Скопје, од страна на републичкиот обвинител ни беше делегиран заменик на обвинителката од истото обвинителство,. Од обвинителката што го гони и тој доби тогаш да поднесе на записник кривична пријава. Ова е второ барање – изјави Дукоски

За случајот „Рекет“, Јовановски беше осуден на вкупно девет години затвор. По изрекување на пресудата неговиот адвокат изјави дека неговиот клиент е осуден без докази и без да се вештачи неговиот телефон каде постојат фотографии и видеа кои може да се користат како докази и сето тоа е направено за да се спасат покрупни ѕверки кои имале допир со парите.

Јовановски веднаш откако ја слушна изречената казна изјави дека има подготвено кривични пријави за повеќе лица, а парите треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви.