Македонија 14. април 2020. / 19:08

Кога ли ќе дојде Денот- Д?

Кога ли ќе дојде Денот- Д?

За три години владеење или поточно за 1111 денови власт, оваа гарнитура на Власт донесе само 1111 дена горчини во душата на секој еден од нас; 1111 дена страв и несигурност, апатија и девалвирање на нашето постоење, нашето минато и ризик за нашата иднина, секојдневно плачење, грабежи и убиства по улиците.

пишува: Лилјана ЗАТУРОВСКА

1111 дена економски колапс и намалување на животниот стандард на граѓаните, 1111 дена грижа само за свои лични интереси и интересите на некој кој не и мисли добро на нашата Татковина, 1111 дена искористени само за профит на фирмите на врхушката на оваа Влада, преку криминал, поткуп, рекет…

Едноставно, 1111 дена од владеењето на оваа Власт искористени во насока да си поигруваат со чувствата на сопствениот народ и нови бомбона бизниси кои и носат невиден профит на Владината Елита.

Долго очекуваниот 12 април 2020 година, или Денот-Д, каде требаше да им се стави крај на овие погубни биланси и политики, да се стави крај на едно мрачно време, за кое верувам исто како периодите на сите досегашни владеења на СДСМ ќе сакаме да го закопаме, за никогаш во иднина да не мора да се сеќаваме на него бидејки ќе ни буди лоши спомени поврзани со нашите големи губитоци, ќе го поттикнува гневот во нас заради девалвирањето кое сме го претрпеле и нашата немоќ да се спротивставиме на сето зло кое ни го приредија, бидејќи не бевме прашани, бидејки бевме изолирани од нашата можност нешто да можеме да придонесеме или направиме, бидејќи не доведоа до свршен чин, бидејќи бевме уценувани, бевме угнетувани, бевме буквално тероризирани од нивната политика која исклучиво беше водена во една насока:

ШТО ПОГОЛЕМ ТЕРОР ВРЗ ОБИЧНИОТ ГРАЃАНИН – ТОЛКУ ПОГОЛЕМ ПРОФИТ ЗА НИВ!

Ама верувам и во тоа дека граѓаните никогаш нема да им ја простат нивната неспособност, а особено нема да им заборават што заборавија да го испорачаат тоа што им го ветиле.

Заради нивните манипулации, штетни игри со нашиот идентитет, заради нивните големи лаги кои не чинат сериозни отстапки од нашето битие, заради несериозноста во делот на инвестициите, проектите, заради колапсот на економијата поради која допрва ќе имаме огромна сиромаштија и немаштија како во мрачната транзиција, заради секој еден наш најблизок, роднина или пријател кој ја напуштил оваа наша земја, заради демографската катаклизма, заради секој уништен род на земјоделецот, оштетените ученици заради колабираниот образовен систем, заради рекетираното правосудство, замолчувањето на новинарскиот збор; со една реченица: заради немањето сериозен пристап и погубните политики на оваа ненародна Власт во секоја област.

И секако ќе се согласите дека долго време ќе ни треба да се отрезниме од оваа ситуација на безизлезност во која повторно не втурна врхушката на СДСМ наметнувајќи ни чувство на немоќ, бескорисност, чувство дека нештото ќе треба од Бога да биде решено и подобрено – оставени сами на себе.

Не втурнаа повторно во една агонија што секако најмногу и оди во прилог на владината елита да додрпаат и докрадат се што може да се украде и да го домолзат овој народ, кој заради неговата добродушност и широкоградост за жал не може да биде расипан во својата душа како властодршците и не може да размислува онака како што елитата на Власта размислува: искористи го секој момент од секоја криза и прилагоди го на своите лични потреби и интереси, без разлика на кого и колку ќе му нанесеш болка и загуба.
Важно е владината елита да е сита, а народот сиромав, според СДС тоа е формулата за успешно владеење: КОГА ИМАШ ЕКОНОМСКИ КРАХИРАН НАРОД, ТОГАШ ИМАШ БОГАТА И ЕЛИТНА ВЛАСТ!

Така владееле во минатото. За жал ни се повторуваат минатите векови на тероризам, тиранија, деспотизам…

И заради немањето сериозен пристап во превземањето на сериозни зафати за заштита на населениото од КОВИД-19, немањето слух и чувство на човечност и грижливост кон секој поединец во оваа земја кој е засегнат од една ваква сериозна ситуација, расте несигурноста кај секој еден од нас, апатијата ни стана наш постојан сојузник, а тоа за жал им е само душевна храна на оние кои не знаат за доста.

И ако цел свет се здружува во борбата против пандемијата и се превземаат најповолните политики и стратегии да се излезе од оваа сериозна ситуација, сите останати земји ги обединуваат сите свои граѓани без разлика на верска, политичка, полова и било која друга разлика, кај нас останува она старото: раздели, па владеј.

Оваа ситуација уште повеќе не подели, уште повеќе не тера да бидеме поголеми скептици во изнаоѓањето мерки за излез, бидејки егоизмот и себичноста на оној кој го води овој народ нуди методи кои не даваат никакви гаранции за излез од кризата, напротив нивните себични мерки ќе креираат дополнителна криза од која ќе излеземе и посиромашни и поразединети од сега.

Подадената рака од оние кои знаат и умеат за оваа Власт е исто како да им пукаш во мозок, бидејќи тие ниту сакаат некој кој е поспособен од нив, ниту поискусен, а камоли некој кој им нуди излез од ситуацијата, а уште повеќе ако тоа е ОПОЗИЦИЈАТА.

Тоа за нив значи мешање во нивните есапи кои се во насока на нивно богатење на сметка од граѓанинот – понудената помош тие ја сметаат како поматување на сметките.

Денот-Д за жал помина и елитната власт уште еднаш се спаси и за жал и се продолжи нелегитимно владеење.

Зошто нелегитимно?

Бидејќи елитата не доби легитимитет од мнозинството граѓани. Тие го украдоа сувереното право на граѓанинот во давање легитимитет и за жал само дополнително ќе се продолжи голготата на овој македонски народ за уште некое време.

А, што е најстрашното?

Најстрашното е што ВИЕ, елитна Владо, за жал не извлековте поука од овој ваш мандат.

Во едно сум сигурна: ќе се каете за сето изгубено време или поточно залудно потрошено време кога имавте можност да направите толку многу за сите граѓани и да бидете запаметени како Власт која навистина несебично се вложила за својот народ.

Но, вие ќе бидете запаметени и верувам и опеани во народните песни, и прераскажани во народните приказни како Елитна Влада која единствено што направи е продажбата на својот народ и државниот имот за грст жолтици.

И во историјата на Македонија вие ќе бидете етикетирани како: НЕНАРОДНА ВЛАСТ, ЕКОНОМСКИ НЕПОДОБНА, ПРОФИТЕРСКА, ЕГОИСТИЧНА, РЕКЕТАРСКА!

КОГА ЛИ ЌЕ ДОЈДЕ ДЕНОТ-Д?