Македонија 02. јуни 2020. / 13:25

Кога хипокритите ќе стивнат

Кога хипокритите ќе стивнат

Избори по секоја цена – закана за здравјето и благосостојбата на граѓаните

пишува: Петар РАДОЈНИЧКИЌ – Докторант на правниот факултет „Јустинијан I“

Денешната состојба во државата ја отсликува хипокритовата положба во која се наоѓа македонската политика. Да не се разбереме погрешно, не се мисли на хипократовата заклетва која ја даваат лекарите и која претставува врвот на етиката во медицината, тука на политичарите кои веќе со месеци „верглаат“ за некои избори за кои на никој не му е јасно како ќе се изведат во екот на пандемијата од вирусот COVID-19. Веројатно погоре споменатите политичари не ги ни разликуваат овие два термина, па нека мислат дека ова е пофално слово за истите. Претставниците од владата имаа стотина конференции на кои се истакнуваше дека здравјето на граѓаните е на прво место кое потоа го заменија со паролата избори без разлика на здравствената состојба во која се наоѓа државата.

Изборниот слоган „можеме“ треба да биде заменет со слоганот „бескрупулозни сме“ и на тој начин да паднат маските кои самите си ги ставаат и вадат во зависност од ситуацијата во која се наоѓаат. Иронијата е толку голема што доколку се оддржат избори на 5 јули многу е веројатно дека одредени високи функционери од СДСМ нема да можат да гласаат од причина што истите ќе бидат во карантин, па нема да можат да го остварат своето гласачко право како и другите граѓани. Еднаш засекогаш мора да се стави крај на лицемерието и хипокритовиот пристап во политиката кој служи единствено за задоволување на своите ниски страсти, а создава долгорочна штета на граѓаните.

Се сè “врти” околу легитимитетот

Изборите како процес служат за утврдување на волјата на граѓаните. Ги даваат двата неопходни услови: легалитет и легитимитет – со тоа што онаа партија која освоила најмногу гласови може да формира влада. Всушност, тоа е потврдување на партиската програма и заложба, како и давање на отворени раце за спроведување на своите политики. Кога е доведен легитимитетот на владеачката партија во прашање, граѓаните de facto губат доверба во институциите и на тој начин настанува криза на легитимитетот на политичкиот систем. Во овие три години легитимитетот на владеачката партија во многу наврати беше доведен во прашање.

Исполнуваа договори, менуваа закони, а притоа го немаа легитимитетот кој беше потребен да се направи сето ова. Зошто тогаш не се консултираа со избирачите на вонредни избори за да обезбедат легитимитет за своите полтиитки, туку како „крадци“ доцна во ноќта менуваа и исполнуваа она за што не беа овластени од граѓаните. Кризата на политичкиот систем нема да престане доколку на 5 јули се оди на избори (на кои не би учествувала опозицијата) туку уште повеќе би се продлабочила. Поради тоа треба да се воспостават приоритети и начин на избор на датум за изборите кои ќе бидат консензуално прифатливи за сите. Најважно е здравјето на граѓаните, се останато може да почека!

Carte blanche

Владата игра покер со здравјето на своите граѓани. Со задоволство го става влогот на сите граѓани (здравјето) на една карта – избори. Политичката партија која се уште е на власт мака мачеше овие 3 години со легитимитетот на своите политики. Зарем не можат да ги стават настрана своите лични интереси, да почекаат да стивне пандемијата за да може да се спроведат колку што е возможно понормални избори, а сето тоа да биде во интерес на ѓраѓаните. Техничката влада во овој момент во својот ракав има carte blanche (отворени раце да прави што сака), па владеачката партија мисли дека техничката влада може да ја искористи за да си создаде подобра позиција за себе со тоа што ќе наметне избори кои не претставуваат моментално приоритет со што ги загрозуваат правата и здравјето на граѓаните.

Пандемиски живот со широко отворени врати

Во моментов Македонија го живее својот пандемски живот со широко отворени врати. Државите околу нас веќе се пред крајот со пандемијата, па само ние останавме како слепо црево на Балканот. Државите веќе изготвуваат „црни листи“ на кои се почесто се наоѓа и нашата држава со што на нашите граѓани нема да им биде дозволено да патуваат во истите. Кризата која произлезе од вирусот реално ја прикажа слик

ата колку ние живееме во дисфункционално општество. Ние живееме во држава каде кризата на политичкиот систем е секојдневие, законите и препораките скоро и да не се почитуваат, а изборите се само инструмент за пренос на власта. Доколку ние не успееме да им пристапиме на проблемите со сеопфатна анализа и со конкретни решенија, ќе бидеме приморани да живееме во држава која секогаш ќе се наоѓа на дното од листата и на крајот граѓаните ќе бидат оние кои ќе ги трпат долгорочните последици.