Македонија

Коѕијас: Решавањето на спорот за името е од национален интерес на Грција

Коѕијас: Решавањето на спорот за името е од национален интерес на Грција

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, по средбата со неговиот германски колега, Хајко Мас, во Берлин, рече дека постигнувањето договор околу името со Македонија е прашање од национален интерес на Грција, пренесува „Катимерини.“

„Договорот е постигнат не заради тоа што земјата сака да влезе во ЕУ и во НАТО, што ние секако го поддржуваме, туку заради тоа што тоа е наш национален интерес“, изјави Коѕијас.

За време на прес-конференцијата Коѕијас не откри дополнителни детали околу рамката за решение на спорот, повторувајќи ги познатите податоци дека неговата задача, како и задачата на министерот Димитров е завршена и оти последната етапа во преговорите ќе ја имаат премиерите на двете земји откако техничките и правните аспекти на договорот ќе бидат расчистени.