Грчкиот министер за надворешни во гостување на националната ЕРТ, предупреди дека „ПЈРМ без стабилност и кохерентност може да се распадне и тоа ќе биде најлошото сценарио не само за самата земја туку и за балканскиот регион“, тврдејќи притоа дека односите меѓу Грција и ПЈРМ се таа оска што го стабилизира Балканот.
Владата ќе го ратификува Преспанскиот договор, рече министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас.
Во врска со референдумот од 30 септември тој рече дека билл консултативен и дека не е предуслов за реализација преспанскиот договор, напоменувајќи дека избирачкиот список во Македонија не бил прочистен и дека 300.000 луѓе се надвор од земјата, а фигурираат на избирачкиот список