Разликите со Скопје можат да се решат со смелост, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за германскиот весник „Шпигел“.
-Разликите со Скопје се проблеми со историски карактер, со идентитет, со наследство и култура. Овие прашања се чувствителни. Но, можат да се решат со смелост, како што правиме сега. Додека, пак, со Турција имаме проблеми со геостратешки и геополитички претензии- вели шефот на грчката дипломатија во интервјуто за германскиот весник.