Преговорите за името на Македонија, е само една од темите за кои ќе разговара грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас при неговата посета на Вашингтон на 21 и 22 мај, објави грчкиот информативен портал „Реал“.
Според информациите на порталот, што ги пренесува МИА, Коѕијас ќе се сретне со новиот американски државен секретар, Мајк Помпео, како и со новиот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон, а ќе разговара со сенатори, ќе говори во тинк-тенк организации и ќе има контакти и со грчко-американското лоби.
Останатите теми кои ќе бидат разгледани се грчко-американските односи, прашањата од билатерален и регионален интерес, Турција, и Кипар.