Македонија 20. октомври 2019. / 16:00

КОД: Боки 13 ја сликал Катица Јанева со 50.000 евра

КОД: Боки 13 ја сликал Катица Јанева со 50.000 евра

КОД објавува дека дел од парите се најдени во сеф во домот на Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Според спецификацијата која претходно е направена врз банкнотите е утврдено дека тие се парите од првите пола милион евра која ги дала сопругата на Орце Камчев додека тој се уште бил во притвор.

Според информациите на КОД, Боки 13 е авторот на фотографија на која е сликан ликот на специјалната обвинителка со 50 илади евра кај неа.

А токму во обвинението таа се товари дека наградата која ја земала се педесет илјади евра и софа набавена од Зона мебел вредна околу 5 илјади евра. КОД дознава дека еден од осомничените во сведочењето тврдел дека дел од парите Јанева навистина ги земала, и обвинителството трага и по друга потврда.