Македонија 20. јануари 2020. / 15:09

Коалиција-Алијансата за Албанците и Алтернатива заеднички на изборите

Коалиција-Алијансата за Албанците и Алтернатива заеднички на изборите

Алијансата за Албанците и Алтернатива се договориле за предизборна коалиција, објавува „Лајм“. Соработката се очекува да биде официјализирана за неколку дена. Иако се преговараше и со Беса , до соработка со оваа партија најверојатно нема да дојде.

Причина за тоа е нетрпеливоста помеѓу Алијанса на Африм Гаши и Билам Касами. Тие до лани беа во една партија, но потоа Алијанса се издвои како нов политички субјект.