На Клиниката за Нефрологија во моментот има повеќе од 20 заразени лекари и медицински персонал како и пациенти кои одат на дијализа, дознава Сител.
Веста дека има заразени за Сител ја потврди и директорката на клиниката. Засега нема конечна бројка на заболени бидејќи се уште чекале резултати од земените анализи.
Нејасно е како ќе функционира установата со отсуство на толку голем број на вработени и кој е изворот на заразата.