Директорот на Управата за електронско здравство – Мој термин, Рефик Мустафа е позитивен на коронавирус, објави Фокус.
Тој и петмина негови колеги 14 дена ќе бидат во самоизолација.
Според информации на медиумот, на неговите контакти во петок им била направена епидемиолошка анкета. Тоа значи, дека се појавил и кластер – Мој термин во Министерството за здравство.
Мустафа седна на директорското столче на „Мој термин“ пред само една година, откако владата донесе повеќе одлуки за разрешување и именување на нови директори.