Меѓународното училиште НОВА одлучи да ги испрати дома своите ученици и оттаму до 24 март да ја следат наставата поради состојбата со корона вирусот.
Наставниците и професорите изминативе неколку недели биле обучени за онлајн настава, а учениците ќе продолжат да добиваат задачи и ќе учат од дома.
За ова писмено биле известени родителите нa сите деца од основното и средното училиште. Од утре до 24 март нема да работи ниту градинката.
Попладнево на состанокот на Комисијата за заразни болести беше донесен заклучок градинките, основните и средните училишта и сите воспитно-образовни институции да бидат затворени во наредните 14 дена, како заострена мерка поради превенција од ширење на коронавирусот.
Досега во Македонија од коронавирусот се заболени седум лица и сите се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и според МЗ се во добра здравствена состојба.