Македонија 19. март 2020. / 15:11

Ќе се проверуваат лицата кои изминатите две недели престојувале во Банско

Ќе се проверуваат лицата кои изминатите две недели престојувале во Банско

Агенцијата за национална безбедност треба да ги провери сите лица кои од  Македонија во последните 14 дена го посетиле зимскиот рекреативен центар — Банско во Република Бугарија и по добивање на листата од надлежните институции од Бугарија треба да ја сподели со Државниот санитарен и здравствен инспекторат за сите овие лица да добијат решение за самоизолација.

Оваа одлука ја донесе Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19, на денешниот состанок одржан во Владата со кој претседаваше премиерот Оливер Спасовски.