Македонија 19. март 2020. / 15:19

Ќе се одложат сите систематски здравствени прегледи

Ќе се одложат сите систематски здравствени прегледи

Министерството за здравство да донесе соодветен правен акт со кој ќе се одложат сите систематски здравствени прегледи кои работодавачите ги спроведуваат и организираат за работниците.

Оваа одлука беше донесена денеска од страна на  Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19,  одржан денеска  во Владата со кој претседаваше премиерот Оливер Спасовски.