Македонија 11. јуни 2020. / 17:52

Ќе се менува ли стратегијата со броењето на асимптоматските пациенти како заболени?

Ќе се менува ли стратегијата со броењето на асимптоматските пациенти како заболени?

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска истакна дека во рамки на Комисијата за заразни болести следниве денови ќе се дискутира за тоа дали асимптоматските пациенти да се бројат како заболени, со оглед на тоа што одредени земји веќе не ги бројат.

Сепак, како што рече, треба и асимптоматските случаи да се имаат во предвид, во смисла на имплементирање на епидемиолошки анкети и ставање на луѓето во изолација.

– Да, има голем број на асимптоматски случаи кои што произлегоа од тестирањата направени во семејните кластери. Точно е дека повеќе земји ја менуваат оваа стратегија. Ние ова ќе го дискутираме во рамките на Комисијата за заразни болести, меѓутоа тоа не е причина и тие асимптоматски случаи да ги имаме предвид во смисла на имплементирање и на епидемиолошки анкети и ставање на луѓето во изолација, рече Филипче на денешната прес-конференција во одговор на прашање.

И покрај тоа што за детектирање и регистрирање на бројките ќе се дискутира следните денови, Филипче рече дека тоа нема да го смени пристапот како ќе се тестира, како ќе се анкетира, кој се тестира и врз основа на што некој ќе оди во самоизолација.