Македонија 17. ноември 2020. / 13:48

Ќе се испитува како починале уште 11 пациенти болни од Ковид 19

Ќе се испитува како починале уште 11 пациенти болни од Ковид 19

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) испитува како починале 12 пациенти болни од ковид-19, соопштија од Инспекторатот денеска откако во неделата ќерка на пациентка болна од ковид-19 на фејсбук објави дека нејзината мајка молела за кислород во болницата во Штип и телефонски ги барала медицинските лица кои не одговориле на нејзините повици.

-Стручни надзори за пациенти починати од ковид 19, за последните два месеца од страна на ДСЗИ до Министерството за здравство, по извршен инспекциски надзор и обезбедена докуменатција, иницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен. Во тек се инспекциските надзори за починатите пациенти од Тетово Кавадарци, Битола и Крива Паланка. Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ке бидат извршени за уште четири пациенти починати од ковид 19, велат од ДСЗИ.

Во текот на вчерашниот ден Државниот санитарен и здравствен инспекторат од ПО Штип, извршил вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница Штип во врска со починатата пациентка од ковид-19 за која семејството тврди дека не успевала да добие лекарско внимание, односно дека не можела да добие никој од медицинскиот кадар да и донесе боца кислород во последните мигови од животот.

-По инспекцијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со решение му е наредено на директорот доктор Ален Георгијев веднаш да ја свика комисијата за следење на квалитет која ќе ја утврди фактичката состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход. Директорот е задолжен во рок од три дена писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на комисијата, велат од ДСЗИ.