Д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје соопшти дека веќе од утре ќе им бидат продолжени договорите на медицинските сестри, кои беа ангажирани на определено време и чии договори истекоа на 31 октомври.
Јавноста денеска реагираше на Фејсбук статусот на новинарот Фуркан Салиу кој информираше дека на медицинските сестри не им бил продолжен договорот и покрај тоа што биле ангажирани токму годинава во време на пандемијата на коронавирус.
Директорот Исјановски за порталот Мета објасни дека станува збор за четириесетина медицински сестри за чие продолжување на договорите, била потребна била согласност од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).