Директорот на Телма телевизија, Атанас Кировски објави фејсбук пост во кој пишува дека во моментов имаме математичка прогресија на пораст на инфицирани, а таа бројка денеска ќе биде над 170 лица.
Според него оваа бројка е веќе тенденција на експоненцијален раст. Во вакви услови, вели тој, државата мора да бара некое чаре, а тоа чаре не може да бидат избори на 5 јули.
– Во вакви услови одзивот ќе биде под 30%, а за иднината на државата ќе решаваат само оние што не веруваат дека има Ковид, што мислат дека сево ова е некаков заговор заради 5Г технологијата, дека не прскаат со алуминиум и слично. Мора да се овозможи изборен процес на кој својот глас би го дале и оние кои нормално размислуваат, а тие во вакви услови сигурно нема да излезат на гласачко место и да си го ризикуваат здравјето, пишува Кировски.
Тој потенцира за некаков План Б – бидејќи планот А дефинитивно пропаѓа од сите аспекти, бидејќи, како што вели, не сакам да прогнозирам што не чека ако тераме со експоненцијален раст на заразени.