Македонија 08. јуни 2020. / 18:24

Кировски му одговори на Караџовски: Ќе видите што значи да се имаат медиумите за непријатели

Кировски му одговори на Караџовски: Ќе видите што значи да се имаат медиумите за непријатели

Директорот на телевизија „Телма“ Атанса Кировски, му одговори на Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, за навредливиот, потценувачки и манипулативен однос што претставниците на здравствените власти го имаат кон новинарите.

Кировски се спротивстави на јавните барања на Караџовски што и како треба да објавуваат медиумите и му порача дека навредите кон новинарите коишто професионално си ја вршат работата нема да ги покрие грешките направени Караџовски и неговите соработници

Со навредливиот, потценувачки и манипулативен однос кон медиумите и новинарите, Караџовски и Филипче единствено што ќе постигнат е да создадат моќни непријатели. Караџовски побара Телма од денеска да кажува дека Ковид-19 постои, небаре досега сме тврделе дека е измислица. Не знам како не му е срам на годините така жестоко да манипулира. Досега се трудевме да бидеме максимално коректни, со високо почитување на нивната работа. Кога тие не ја почитуваат нашата – јас лично им ветувам дека ќе видат што значи да се има медиум за непријател. Тој арогантен и потеценувачки однос на лекарите кон се што нема завршено медицина, а особено, кога тие ќе потфрлат, нема да им помине невозвратен и тоа брутално и зестоко – порача Кировски преку социјалните мрежи.