СДСМ има обврска да ја обезбеди иднината и нема да дозволиме никој да го кочи членството во ЕУ и НАТО, рече денеска на прес во Собранието, Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ.
Тој истакна дека владејачката партија го поддржува предлогот на Владата за измени на избор на ДИК.
„Оставаме простор опозицијата на лидерската средба да покаже конструктивност и да се откаже од бојкотот“, рече Кирацовски.
Предлогот кој Владата го достави до Собранието за измени на изборниот законик е со европско знаменце, а во образложението се наведува дека целта е да се деблокира процесот за избор на ДИК. Од Владата бараат измените на изборниот законик да се гласаат по скратена постапка, но опозицијата не се согласува со овој предлог.