Македонија 07. ноември 2018. / 12:03

Кирацоски од СДСМ побара да му се одземе мандатот на Груевски

Кирацоски од СДСМ побара да му се одземе мандатот на Груевски

Александар Кирацовски од СДСМ побара одземање на мандатот на експремиерот Никола Груевски и додаде дека врз основа на пресудата, Груевски е недостоен за пратеник.

„Оваа седница да биде пример и да одѕвонува во иднина за сите функционери кои ќе го прекршат законот или ќе го заобиколат“, рече Кирацовски.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни против одземање на мандатот на Никола Груевски и пратениците ја напуштија салата откако образложија дека се работи за политички прогон. На седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања во Собранието, не се појави ниту експремиерот, Никола Груевски. Предлогот за одземање на мандатот на Груевски е врз основа на добиено известување од Основниот суд за пресудата од две години затворска казна поради случајот со „мерцедесот“.