Од околу девет часот денеска без напојување со електрична енергија останаа корисниците на северниот дел на Општина Кичево.
Од ЕВН Македонија информираат дека поради дефект без струја се селата Осломеј, Жубрино, Србица, Аранѓел, Туин, Јагол, Стрелци, Папрадиште, Бериково и Попвјани.
Освен најавата дека се работи на остранување на дефектот, од ЕВН не даваат подетални информации за прекинот на електричната енергија.