Пензионерката Лилјана Тодоровска изутринава беше на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција да даде исказ за случајот „Рекет“, пишува А1он. Таа е потписничка и автор на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Боки 13, а стана актуелна кога се дозна дека подигнала 720 илјади евра врз основа на договорот на Меѓународниот сојуз Скопје и ГП Пелистер.
Во Обвинителството на распит беше и Зоран Милески Кичеец, кој заедно со Боки 13 беше уапсен при обид да ја напушти државава, но и е во друштво на Бојан Јовановски кога со еден милион евра заминуваат од домот на Орце Камчев.
Овие снимки кои ги објави италијанскиот новинар, обвинителството ги имаше од претходно, а врз основа на други докази ги уапси двајцата осомничени.