Македонија 05. април 2020. / 12:33

Кавадарчанец во Чикаго почина од корона вирусот

Кавадарчанец во Чикаго почина од корона вирусот

Пред два дена од корона вирусот починал кавадарчанецот Пепи Тодорчев, кој со семејството од пред многу години живеел во Чикаго, САД.

Пепи бил познат лик од Кавадарци, а многумина се сеќаваат на неговото култно кафуле „Пест“. Неговата сопруга Гордана, по потекло од Неготино, исто така е позитивна на вирусот, како и постарата ќерка.

Почната е донаторска акција за помош на неговото семејство, на која што се до сега се собрани над 48.000 долари. Како донатори се појавуваат 455 поединци, претежно од нашата дијаспора.