Македонија 19. мај 2018. / 17:31

Катимерини: Заев прифатил ерга омнес за Илинденска Македонија

Катимерини: Заев прифатил ерга омнес за Илинденска Македонија

Грчкиот весник „Катимерини“ во текст за името цитира изјава на извор близок да македонскиот премиер и до шефот на македонската дипломатија во која тој тврди дека двете страни се блиску до договор за името „Илинденска Македонија“.

Авторот на текстот Ставрос Димас кој е еден од најдобро информираните грчки новинари пишува дека Премиерот Заев во Софија најавил дека за ова сценарио ќе го информира претседателот Иванов и лидерот на опозицијата Мицкоски.

“Ова име е дел од нашата историја и се смета дека полесно ќе мине во јавноста и да се употребува за целосна внатрешна и надворешна употреба. Во исто време нема да реферира на античка туку на модерна Македонија”, се вели во брифингот за Катимерини од близок соработник на премиерот Заев и министерот Димитров.

Предходно Ципрас најави дека без промена на уставот и целосна употреба за внатрешна употреба нема да се пристапи кон разговори за конкретно име.

Сите опозициски грчки партии го отфрлија предлогот Илинденска Македонија како иредентистчки.