Македонија 26. април 2018. / 11:21

Катимерини: Договор за решавање на спорот за името e тешко остварливо

Катимерини: Договор за решавање на спорот за името e тешко остварливо

Постигнувањето на договор за решавање на спорот за името e тешко остварливо од страна на Атина и Скопје, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Додека главните прашања остануваат нерешени, посредникот на Обединетите Нации, Метју Нимиц ја истакна потребата за интензивни преговори во следните неколку недели, помеѓу Грција и Македонија, за најпосле да биде решен спорот за името, кој фрла сенка во односите помеѓу двете земји повеќе од 25 години, пишува весникот.

„Двете страни се несигурни во однос на барањето на Грција, Скопје да се одлучи за име кое ќе се користи и за внатрешна и за надворешна употреба, како и одбивањето на Македонија да го промени уставот“, коментира Катимерини.

Двајцата допломати ќе се сретнат уште два пати во следните 20 дена. Следната средба ќе биде во Солун на 3-4 мај во рамки на самитот помеѓу Грција, Албанија, Македонија и Бугарија, а на 11-12 мај Коѕијас и Димитров ќе се сретнат на Самитот на балканските држави.