Катица Јанева повеќе нема да е на трошок на граѓаните, СЈО од први септември нема да ѝ дава плата и да ѝ исплаќа пари за кирија и сметки, објави Канал 5.
Извори од СЈО за Канал 5 потврдуваат дека на специјалната обвинителка која е во притвор и се стопираат државните пари. Имено, таа зема 400 евра државни пари за живот во луксузната куќа во скопската населба Козле.
-Со исплаќањето основната плата за месец август, практично завршуваат финаниските обврски на СЈО кон се уште актуелната шефица, велат од СЈО.
-Како обвинител кој потекнува надвор од Скопје во изминатиот период имала право на 300 евра кирија и 100 евра трошоци за комуналии. Во случај, киријата на обвинителот да поголема, тогаш сумата си ја доплаќа самиот, велат од обвинителството.