Денес во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето за предметот „Рекет“ во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13. На денешното рочиште треба да сведочи сопругата на бизнисменот Јордан Камчев, Ана Камчева која предмалку пристигна во Кривичниот суд.
На последното рочиште, што се одржа на 6-ти декември, сведочеше Јордан Камчев, кој рече дека во повеќе наврати обвинетиот Боки 13 пробал да го уценува со, според него, наместениот предмет „империја“ покренат од специјалното јавно обвинителство, кој имал цел на нелегален начин да се стекне со поголема сума пари.