Македонија 23. јули 2019. / 12:33

Катица Јанева конечно ќе даде изјава

Катица Јанева конечно ќе даде изјава

Денеска, со почеток во 13 часот, во просториите на СЈО обвинителка Катица Јанева ќе даде изјава, пренесе Фокус.

Таа од минатиот вторник беше на боледување, откако во понеделникот си даде оставка на функцијата. Од тогаш не беше достапна за јавноста.

Јанева се поврзува со случајот „Рекет“ поради што и беше одземен телефонот и даден на вештачење. Јавното обвинителство соопшти дека вчера бил пронајден и одземен и вториот нејзин телефон за кој се тврдеше дека е загубен. Пронајден е кај лице кое изјавило дека му бил даден на подарок.