Македонија 14. март 2019. / 10:01

Катица Јаева: И мене ме следат служби

Катица Јаева: И мене ме следат служби

Откако претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски изјави дека го следат странски служби, истиот сомнеж го споделува и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Јанева во вечерашното интервју на 1ТВ рече дека таа е свесна дека одредени лица ја следат.

– Јас знам дека ме следат, тоа е многу приметно. Но, тоа не ме оптеретува, имам обезбедување. А, што се однесува до прислушувањето мислам дека е многу намалено, бидејќи манипулации со ПИМ мерките не се можни. – рече Јанева.