Агенцијата за катастар на недвижности повторно работи со капацитетот со кој работеше пред состојбата на епидемијата со коронавирусот.
Шалтерите што пред здравствената криза работеа со работно време од 7.30 до 18.00 часот ќе продолжат да работат со истото работно време. Тоа важи и за Центарот за катастар на недвижности – Скопје, чие работно време на шалтерите е од 7.30 до 18.00 часот – објавија веб страницата на Катастарот.
По препораките од Владата за преземање мерки за превенција против ширење на вирусот Ковид-19, шалтерите во Центарот за катастар на недвижности – Скопје од 13 март работеа од 7.30 до 15.30 часот.
Од Катастарот истануваат дека останува можноста, голем дел од услугите и информациите кои ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности можат да се обезбедат и преку веб страницата: www.katastar.gov.mk, или на бесплатната инфо линија: 0800 80 800.