Македонија 29. јануари 2021. / 18:36

Каракамишева до Спасовски: Двојните аршини на одговорност и натаму се на сила, нели?

Каракамишева до Спасовски: Двојните аршини на одговорност и натаму се на сила, нели?

Неколку илјади граѓани протестираа против барањето на Фатиме Фетаи за доживотна казна затвор за терористите од Монструм, толпата слушајќи ги паролите е гневна и поради фактот што Зоран Заев ветуваше некаква друга алтернативна вистина за случајот.

Бедри Хајдари, e роднина на обвинет во случајот „Монструм“ тој на протестот извади карта на Голема Албанија и албанско знаме, а побара разрешување на обвинителката Фатиме Фетаи, во својот говор на протестот .

Со свој став на социјалните мрежи се огласи и проф. Тања Каракамишева:

– Никој не е приведен за скандирање националистички и големоалбански пораки, иако Кривичниот законик дава правен основ за такво нешто. Двојните аршини на одговорност и натаму се на сила, нели @o_spasovski? Едни за Македонците, други за Албанците. БЛЕСКАМЕ!!!, напиша Каракамишева на Фејсбук.

Никој не е приведен за скандирање националистички и големоалбански пораки, иако Кривичниот законик дава правен основ за…

Posted by Тања Каракамишева on Friday, January 29, 2021