Македонија 05. декември 2020. / 13:16

Каракачанов: Не ставивме вето, туку поставивме критериуми

Каракачанов: Не ставивме вето, туку поставивме критериуми

Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, денеска изјави дека „не чул таква информација“ оти Холандија и Данска ја поддржале Бугарија во блокадата на Македонија, како што напиша бугарскиот весник „24 часа“.

Каракачанов се вклучи во интервјуто со премиерот Зоран Заев во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Тој изјави дека Бугарија не ставила вето туку ги поставила своите критериуми за одредување на преговарачката рамка.

„Ние очекувавме дека одредбите од Договорот од 2017 ќе бидат остварени, но тоа не се случи и Северна Македонија го одолговлекуваше нивното спроведување. Во Македонија за два месеци има 15.000 негативни статии за Бугарија“ и се шири големо антибугарско чувство“, рече Каракачанов.

Водителот Столе Наумов му одговори дека треба да ги бројат и негативните текстови во Бугарија и дали не е говор на омраза кога самиот тој изјави дека македонските политичари се однесуваат како „пијаници“ или дека му „дојде акалот“ на Заев по интервјуто за Бгнес.

Каракачанов само одговори дека споменувањето „пијаници“ не било говор на омраза.

„Бившите југословени тајни служби се вклучени во македонското општество и тие многу често го креираат јавното мислење“, рече Каракачанов.