Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во емисијата „Офанзива со Лубо Огњанов“ на бугарска „Нова ТВ“, истакна дека Македонија имала шанса да добие датум за преговори во ноември минатата година, но не сакала да го искористи тоа.
-Бугарија не стави вето, туку едноставно рече дека Скопје не е подготвено за датум за преговори, нагласи Каракачанов.
Бугарскиот вицепремиер истакна дека Бугарија е „за“ проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, но говорот на омраза кон се што е бугарско било она што загрижува.
-Омразата се заснова на грубо и грозоморно фалсификување на историјата. За Бугарија има негативна слика и навредливи квалификации во македонската свест. Република Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат Анексот со 12 точки, што ги подготвивме, изјави за НОВА-Њуз бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачано