Македонија 30. октомври 2020. / 20:59

Караџовски: Концертите и журките по кафулињата во Аеродром и Центар се причина за големиот пораст на заразени

Караџовски: Концертите и журките по кафулињата во Аеродром и Центар се причина за големиот пораст на заразени

„Имаше журка во Аеродром, имаше безброј журки во кафуле во Центар, една по друга по трета. Потоа голем концерт на голема хрватска ѕвезда во амфитеатарот во Битола. Два дена потоа уште еден концерт на една балканска ѕвезда. На првиот концерт имаше 1700 луѓе, на вториот 800 посетители“, изјави епидемиологот Жарко Караџовски за емисијата „Само интервју“ за од каде започна масовното ширење на пандемијата.

Тој потенцира дека никогаш и никаде како Комисија на заразни болести не дозволиле свадби и погреби со повеќе од 10 луѓе.

„Па ако се сетите дека во Дебар почна епидемијата од погреб“, изјави Караџовски.