Македонија 08. јуни 2020. / 17:22

Караџовски: Цврст сум како куче, не ме опаљкавајте по медиумите!

Караџовски: Цврст сум како куче, не ме опаљкавајте по медиумите!

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, пред самиот крај на денешната прес-конференција на која зборуваше за последната состојба во државата со бројот на заразени, апелираше на здружување, а партиите и политиката да се тргнат настрана.

Тој потенцираше дека 27 години ја работи оваа работа, а тоа што не го истакнал во претходните, како што рече, четири прес конференции кога присуствувал во Владата е дека најпрофесионално си ја работи работата.

– Министерот Венко Филипче ми е 13. министер, директорот на ИЈЗ ми е 9. директор. Значи најпрофесионално ја работиме работата, а сум бил член на сите Комисии за заразни болести. Ве молам тоа да го имате во предвид пред да почнете да ме опаљкавате по медиумите. Не ми е пријатно на мене и на мојата фамилија. Меѓутоа јас заради тоа ќе издржам, заради тоа што сум цврст како куче, изјави д-р Караџоски.