Македонија 02. август 2019. / 15:15

Канал 5 за „Рекет“: Дали е одземен телефонот на Боки 13?

Канал 5 за „Рекет“: Дали е одземен телефонот на Боки 13?

Одземено е само она што е наведено во соопштението, информираат за Канал 5 од Основното обвинителство, откако прашале дали воопшто е одземен мобилниот телефон на првоосомничениот во делото – Бојан Јовановски или пак станува збор за ненамерна грешка при соопштувањето на деталите.

ОЈО на 16 јули, преку соопштение, информираше за акцијата за приведување на осомничените, Јовановски и Зоран Кичеец, при што и ги наведе прибраните предмети, а во соопштението на ниту едно место не пишува дека од Боки 13, покрај брендирана гардероба и накит, компјутери и лаптоп е одземен и мобилен телефон.

Целиот прилог на Канал 5, можете да го погледнете ТУКА.