Велика Британија оваа недела прва почна со масовна вакцинација со експерименталната Фајзер-Бајонтек вакцинa против Kовид-19, која предизвика силни алергиски реакции кај одредени категории на луѓе.
После ова издадено е предупредување дека некое време од вакцинацијата ќе бидат исклучени сите оние кои имаат било каква интолеранција.
Меѓутоа, по сведочењето на оние кои ја примиле вакцината, нуспојави се хроничен умор што предизвикува и други автоимуни болести. Исто така силната болка при апликација на вакцината, може да се смета за претерана реакција.
Имунологот професор д-р. Борислав Каменов објаснил зошто тоа се случило.
-Во прашање е брзоплетост. Се работеше на ефикасност на вакцината, а многу малку на нејзина безбедност. Имено, во фаза на тестирање учествувале млади, здрави луѓе, ама сега кога се применува на лица кои веќе имаат хронични болести и вакцината ги покажува своите недостатоци. Морало да се води сместка дека се што е фактор ризик за короната, тоа е и за вакцината. Не е проблем само староста, под ризик се дијабетичарите, болните од штитна жлезда, срцевите болни, истакнува д-р. Каменов.
Според неговите зборови кај било која вакцинација нормално е да се случуваат нуспојави, ама дека проблемот со Фајзер, е изостанок на тестирање.
-Кога ситуацијата е вака вонредна, разбирливо е брзањето, ама бидејќи се работи практично за генетски инжењеринг, а не антиген РНА, треба повеќе време да се испита нејзината безбедност. Бидејќи тоа не е направено, многу подобро би било во првата фаза да се вакцинираат млади и здрави луѓе, чиј организам нема да има бурни реакции, а со имунизација на стари и болни да се почека додека дополнително не се испитаат можни негативни ефекти, наведува имунологот.