Ана Камчева, сопруга на Јордан Камчев денеска сведочи за случајот „Рекет“. Таа беше прашана од обвинителката Вилма Русковска што се случуваше пред Камчев да оди во притвор.
Половина час пред полноќ Јордан Камчев се јави и ми рече да се симнам доле во куќата за да ми соопшти нешто. Во мојата куќа беше присутно и лицето Зоран Милески и ми рече дека во нашата куќа ќе се врши претрес во 6 часот наутро. Така и беше, се правеше претрес во нашиот дом, потоа се правеше во Орка Холдинг. Камчев беше изнесен на судија по претходна постапка во Судот Јордан Камчев по предметот Империја.Кога дојдовме во Кривичен суд, она што на што се сеќавам беше недоличното однесување на обвинителскаа Стефанова, на која еден од бранителите Антонио Апостолски во ходникот му кажа: „Ништо не ми можеш Тони, моќта е кај мене, само треба да знаеш кога е кај тебе и да знаеш како да ја искористиш“. Подоцна бев известена од уште еден бранител во Империја дека истата обвинителка Лиле Стефанова им се обратилла им препорачала да не биде бранител во Империја. Тоа правеше влијание на одбраната, рече Камчева.