Македонија 10. декември 2019. / 14:19

Камчева: На модниот центар на Боки 13, синот на Јанева требаше да биде директор

Камчева: На модниот центар на Боки 13, синот на Јанева требаше да биде директор

Ана Камчева објасни дека на една од средбите што ги имал со Бојан Јовановски во неговата канцеларија во 1ТВ и кажал дека на нејзиниот сопруг му се случува тоа што му се случува затоа што ги одбил проектите за изградба на старечки дом и моден центар.

Камчева се потсети дека кога влегла во канцеларијата на Боки таму седело едно смеѓо момче и работело на компујтер. Боки и го претставил дека тоа е Лазар, синот на Катица Јанева.

Ана рече дека Лазар било планирано да биде директор на модниот центар што Јовановски планирал да го гради.