На денешното рочиште за случајот „Рекет“, сведокот Васил Димишков рече дека се познавал со Бојан Јовановски кога тој побарал да биде адвокат во Меѓународниот сојуз.
Адвокатот Сашо Дуковски побара од Димишков да каже дали Бојан ја споменувал Катица Јанева во негово присиство или дали ги видел заедно, но тој негираше.
Обвинителката Вилма Рускоска го праша сведокот зошто Камчев го контактирал, кога веќе имал тим од адвокати. На тоа Димишков рече дека им објаснил на Камчев и на Зоран Милевски – Кичеец какви се законските рокови.
– Камчев сакал да излезе од притвор за славата Свети Михаил, но јас им објаснив дека тоа е невозможно – објасни Димишков.