Македонија 02. јули 2018. / 18:40

Камбовски: Иванов е должен да ги потпишува законите, а не да изнесува лични ставови

Камбовски: Иванов е должен да ги потпишува законите, а не да изнесува лични ставови

Одлуката на претседателот Иванов да не го потпише Договорот со Грција, отвора простор и за низа други правни преседани. За академик Владо Камбовски, Иванов е должен да потпишува закони, а не да изнесува лични ставови, објави Канал5.

По се поизвесното повторно изгласување на законот за ратификација на договорот со Грција, експертите стравуваат дека џебното вето на претседателот Иванов ќе биде причина и за други правни преседани. Ова доаѓа по најавите на спикерот Џафери, дека законите ќе ги испрати во службен весник со или без потписот на шефот на државата.

На оваа тема се огласи и академикот Владо Камбовски кој изјави дека Уставна должност на претседателот на државата е да ги потпише законите и договорите што ги усвојува и ратификува Собранието.

Имајќи во предвид дека кон крајот на неделата е закажана собраниската седница за повторно гласање на законот за ратификација со договорот со Грција, може да се очекува дека веќе во петок, законите ќе бидат пратен до службен весник. По овој извесен развој на ситуацијата Службен весник е институцијата која ќе биде во средина на овие случувања. Директор Мартин Костовски во телефонски разговор за Канал 5 кажа дека институцијата која ја раководи никогаш нема да биде пречка за сите прогресивни случувања во земјава. Според ова најверојатно доколку Џафери ги испрати законите во Службен Весник тие ќе бидат објавени, а со тоа ќе стапат на сила