Македонија 20. јули 2019. / 19:05

Калајџиев: Без Катица не можат да продолжат судењата во предметите на СЈО

Калајџиев: Без Катица не можат да продолжат судењата во предметите на СЈО

Без Катица Јанева не можат да продолжат судењата во предметите на СЈО, а сите обвинители треба да си дадат оставка, затоа што ситуацијата е иста како кога премиерот ќе даде оставка и тогаш целата влада е во оставка, вели професор Гордан Калајџиев, кој очекува да има застој, но да се надмине кога ќе се донесе новиот закон за ЈО вели професорот од Правниот факултет Гордан Калајџиев во анализа на за „Слободен печат“.

Во јавноста деновиве се отворија низа дилеми по оставката на Јанева во врска со статусот на предметите што ги води СЈО пред судовите, бидејќи според Законот за СЈО, единствено таа може да ги застапува обвиненијата на суд, а другите обвинители од СЈО само ја застапуваат неа – пишува во анализата на Соња Христовска Угриновска.

Професорот Калајџиев вели дека пресот на обвинителката Ленче Ристовска бил погрешен потег.

Пресот на обвинителката Ленче Ристовка беше погрешен потег. Сите обвинители од СЈО треба да си дадат оставка. Но, и без да дадат, оставката на Катица Јанева е оставка за целиот тим. Ситуацијата е иста како кога премиерот ќе даде оставка, тогаш целата влада е во оставка – вели Калајџиев.