Македонија 09. март 2021. / 18:49

Како до здравствени услуги за време на полициски час?

Како до здравствени услуги за време на полициски час?
Фото: МИА

Правилата за оние лица кои имаат потреба од здравствена услуга во време на полицискиот час кој од утре ќе стапи во сила остануваат исти како и за карантините кои се воведуваа лани.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски вели дека секој граѓанин кој има потреба од итна медицинска помош треба да пријави во полиција.

-Каде што известува дека има потреба да посети лекар, здравствена установа итн. во периодот додека трае забраната. Информира за линијата на движење од своето место на живеење до здравствената установа и доколку е придружуван од лице, дава податоци и за него. На тој начин се затвора кругот, појаснува Арсовски.

Полициските службеници добиваат информации за конкретниот случај и доколку тоа лице биде сопрено, нема да има никаков проблем.