Македонија 23. јули 2020. / 13:27

Кај скопски Ректорат денес се измерени 602 микрограми на метар кубен ПМ10 честички

Кај скопски Ректорат денес се измерени 602 микрограми на метар кубен ПМ10 честички

Загаденоста на воздухот е главоболка на граѓаните и во летниот период. Имено, иако власта на СДСМ ветуваше итни мерки за решавање на загаденоста на воздухот и во летниот период кога не е грејна сезона, загаденоста е над дозволеното ниво.

Денеска мерните станици покажуваат дека најзагадено е кај скопски Ректорат каде што се измерени дури над 602 ПМ 10 честички микрограми на метар кубен или над 12 пати повеќе од дозволеното ниво.

Во текот на зимата загаденоста на воздухот беше екстремно висока, а владата и локалните власт не презедоа никакви мерки за намалување на загадувањето. Скопје, Тетово, Битола и Струмица беа местата со највисока загаденост чии граѓани во голем број ги полнеа болниците поради проблеми со дишењето заради загадениот воздух.

Скопје во поголем дел од зимскиот период се наоѓаше и во топ 10 најзагадени градови во Светот, а владата и градоначалникот Петре Шилегов не направија ништо за да го намалат загадувањето. Едноставно чекаа да стопли времето и со завршување на грејната сезона се надеваа дека никој повеќе нема да ја забележува загаденоста.