Македонија 11. јануари 2019. / 12:48

Каде е Никола Попоски? Пратеникот го нема откако се отворија уставните измени!

Каде е Никола Попоски? Пратеникот го нема откако се отворија уставните измени!

И по неколку месеци од гласањето за отпочнување на постапката за отворање на Уставот, нејасно останува зошто Никола Попоски, екс-министерот за надворешни работи и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ отсуствуваше од гласањето и ниту еднаш во Собранието не го слушнавме неговиот став во однос на уставните измени, објави Пресинг ТВ.

На клучната седница на 19-ти октомври минатата година Попоски не присуствуваше. Тој отсуствуваше и од расправите за амандманите.

Пресинг Тв се обиде да стапи во контакт со екс-министерот. Го прашавме која беше причината за неговото отсуство? Како ќе гласаше доколку беше присутен во собраниската сала? Каков е неговиот став сега? Но Попоски не одговори на нивните повици и смс пораки.

Инаку пред три месеци Поповски на фејсбук се изјасни дека нема да гласа за уставни измени.

-Врз основа на изборот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија и нашата изборна програма, јасно е дека немам мандат и не учествувам во промена на Уставот на Република Македонија со цел промена на Уставното Име – напиша тогаш Попоски.


Дали Попоски периодот пред и за време на празниците го искористил за зимски одмор во некој од ски центрите во околината? Информациите до кои дојде Пресинг Тв велат дека одреден период бил надвор од земјава.