Македонија 01. март 2019. / 12:52

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје потпиша  Меморандум за соработка со  Универзитетот „Мајка Тереза“

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ Азис Положани, денеска потпишаа Меморандум за соработка за реализацијата на едукативни програми и изведувањето практична настава и работа за студентите, како и подготовка на заеднички програми за научно-стручно оспособување и усовршување на кадри од областа на животната средина, соопшти „Комунална хигиена“.

– Очекувам соработката со високообразовните институции да резултира со иновативни и претприемачки креации за ефикасно менаџирање со комуналниот отпад – изјави Шабани.