Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески вели дека обвинителството се подготвува за преземање на предметите, но како таа постапка ќе се спроведе зависи и од донесувањето на законот за јавно обвинителство, пренесува Сител.
–Обвинителството се подготвува за преземање на предметите, но до колку се донесе Законот за јавното обвинителство, ке се постапи по одредбите со кои тие прашања се регулираат – вели за Сител Обвинителот Љубомир Јовески.